| Кој тип на RAM меморија е инсталирана во мојот компјутер ? |
|
Доколку размислувате да додадете меморија во вашиот компјутер, веројатно се прашувате колку слободни слота имате, кој тип на меморија е веќе инсталиран, и што ви треба да набавите за да ги подобрите перформансите на компјутерот.....без да го отворите вашиот компјутер.

За да не морате да го отворите компјутерот само за да видите кој тип на меморија ви е потребна, ви нудиме повеќе опција како да детектирате повеќе детали за меморијата која е инсталирана во вашиот компјутер.
Користење на “ System Information” за Windows
Ова е многу корисна бесплатна алатка која треба да е дел од стандардите алатки на секој компјутерџија. Спакована е во еден фајл, нема потреба од инсталација. Штом ја отворите, одберите Hardware и потоа на кликнете на Memory лоцирана на левата панела на апликацијата и ќе видите кој тип на меморија е моментално инсталирана во вашиот компјутер. Изгледа нашиот тест компјутер поддржува 4GB меморија, моментално има два 1GB DDR2 модули инсталирани и тие работат на фрекфенција од 533Mhz. Исто така не информира дека ни е потребна SODIMM форма на меморија, бидеќи нашиот тест компјутер е лаптоп.
Користеќи ги овие податоци, би можеле да го пронајдеме точниот тип на меморија кој ни е потребен, кој во овој случај ќе биде : два 2GB DDR2 533mhz модули доколку сакаме да добиеме 4GB RAM меморија.
Превземете ја апликацијата “System Information” наментета за Windows
- Можете да ја разгледате спецификацијата на вашиот систем за да добиете точен податок кој тип на меморија користите. Овој податок (серискиот број на меморијата ) можете да го комбинирате во google пребарување.Напишете во google пребарувачот "сериски/број specs", на пример "nc8430 specs"..
- Пронајдете го упатството за матичната плоча кое ви е предадено при испорака на компјутерот , таму ќе пронајдете многу детали за тоа кои се типови меморија поддржува вашиот компјутер итн.
| Купувањето на додатна меморија за вашиот компјутер е најбрзиот начин за добивање подобри перформанси кај Windows Vista оперативните системи. Ви препорачуваме . 2GB RAM за Vista, но не се форсирајте со набавка над 3GB доколку користите 32-bit верзија на Vista или XP затоа што Windows (32-bit) не е во можност да го искористи максимумот од вашата меморија. |
|
|
|
|
|
| Сродни наслови |
|
|
|
|
|
|