AboutUs
Home Sitemap Contact  
Search
Софтвер Хардвер Услуги Поддршка Референца
 
Активирање на профилот за гости
”Microsoft Windows XP” вклучува и профил за гости, за луѓето да можат да го користат твојот компјутер без пристап до твојот профил. По нормала , профилот...
* * *
Кој тип на RAM меморија е инсталирана во мојот компјутер ?
Доколку размислувате да додадете меморија во вашиот компјутер, веројатно се прашувате колку слободни слота имате, кој тип на меморија е веќе инсталиран,...
* * *
Зошто текстот под моите икони има обоена позадина ?
Доколку се прашувате зошто вашите XP десктоп икони имаат боја во позадина на текстот, ќе ви биде мило доколку ви дадеме информација дека со штиклирање...
* * *
Како да дознаете дали вашиот компјутер поддржува Windows Vista ?
Со излегувањето на Windows Vista, сите се прашувате дали вашиот компјутер е компатибилен со Vista, дали Vista воопшто би стартовал на вашиот компјутер...
* * *
Сменете ја постоечката локација на My Documents фолдерот
За да ја смените постоечката локација на My Documents фолдерот, следете ги следниве чекори: 1. Кликнете на Start, позиционирајте се над со обележувачот...
АРХИВА
Contact Us
 
Софтвер
СОФТВЕР

 

         Софтверски решенија на дланка.

 Јонгис компјутерски центар е еден од водечките бизнис-партнери, развивачи и имплементатори на бизнис-менаџмент софтвер и услуги на стотици клиенти насекаде низ Р.Македонија.


Клучни факти:

 

  • Преку 17 год. искуство на пазарот.
  • Повеќе стотици задоволни клиенти на територијата на Р.Македонија.
  • Преку 20 производи и услуги.
  • Присуство со наши производи на целата територија на Р.М.
  • Најдобрите ИТ таленти со огромно искуство.
  • Модерни канцеларии за производство на софтвер, професионален сервис итн.
  • Партнерство со водечките глобални ИТ гиганти.
  • Посветен тим за телефонска и поддршка на лице место.

Кои сме ние ?


Нашата цел е  да им помогнeме на нашите клиенти да ги водат сопствените  бизниси поефикасно, помагајќи им да имаат подобра контрола на нивнте бизнис-активности  и овозможувајќи им долгорочни бенефиции со автоматизирање на нивните бизнис процеси.

Користеќи ја предноста на знеањето кое го имаме ,  произведуваме софтвер и услуги кои се релевантни, практични и корисни за барањата што  ги наметнуваат денешните мали, средни и големи бизниси.

Нудиме одлична поддршка за клиентите, а нашиот пристап е концентриран на барањата на клиентите со цел да се постигне двострана лојалност.Тоа е всушност она што не одделува и истакнува од нашата конкуренција.

Што правиме ?


Ние вршиме инженеринг, анализа, развој и поддршка на бизнис-софтвер пакети наменети за автоматизирање на вашите бизниси.


Дел од нашите софтверски производи :

  • Програма за магацинска евиденција.
  • Финансиско работење.
  • Продажба (каси).
  • Евиденција на работно време.
  • Хотелско работење (рецепции, ресторани итн.).
  • Кадрова евиденција.
  • Основни средства.

Исто така, нудиме пропратен софтвер за потребите на бизнисите кои спаѓаат во некои специфични индустрии со цел да ги подобриме нивните производи.Тука спаѓаат :

  • Градежни компании.
  • Контрола на квалитет на производите.
  • Производство.
  • Дистрибуција.
  • Софтвер наменет за работа во аптеки.

Грижата која ја нудиме за нашите клиенти, по активирањето на производот, продолжува да биде темел на нашите успеси.


Како работиме

Компјутерскиот  Центар Јонгис е успешна компанија и горди сме на тоа кои сме ние,на тоа што го правиме и на она  што се стремиме да го постигнеме. Нашиот успех се темели на верувањето дека секој индивидуален придонес треба да биде забележан, респектиран и награден. Ги комбинираме глобалните перспективи со силната локална експертиза и остануваме фокусирани на нашите клиенти.

Зошто да го изберете Јонгис?

Нашата експертиза
Јонгис е создаден во 1991 год. концентрирајќи се на мали до средни компани .Преку 17 Год.  вложивме во пронаоѓање  и проширување на нашите производи и услуги. Нашата огромна листа на клиенти и нивната константна соработка со нашата  компанија ви потврдуваат дека  нашите производи и нашите услуги ги задоволуваат потребите на бизнис како вашиот.

Бизнис решенија
На почетокот овозможувавме имплементација и поддршка за сметководствени и финнсиски софтверски решенија за помалите бизниси. Во последните 15 год. прераснавме во  компанија спремна за поддршка на бизниси и компании од која  било големина и комлексност. Произведуваме софтвер за евиденција на работно време,софтвер за контрола на производствени процеси , продажба-каси,основни средства,кадрова евиденција, телефонски централи  итн.

Индустриски решенија
Го цениме фактот што компаниите имаат зголемен интерес за интегрирани решенија адаптирани на нивните специфични барања. Одредени компании бараат посебни решенија каде софтверот е максимално прилагоден за нивните потреби.

Индивидуални решенија
Знаеме дека секој бизнис е различен. Пред да ви понудиме производ или софтверско решение , се грижиме за тоа да ги сфатиме вашите конкретни потреби. Соодветно на тоа,еден од нашите консултанти, ќе работи со вас на ваше барање за да бидеме сигурни дека ќе го добиете правилното решение за вашиот бизнис.

 Скалести решенија
Бидејќи нудиме програмски решенија за бизниси, без разлика на степенот на развиеност, од почетници до големи корпорации , кога купувате наш производ, имате дополнително осигурување  дека како што  расте вашиот бизнис така, паралелно, ќе расете и системот. Исто така имаме разбирање и за тоа дека подобрувањето и надградувањето на вашите бизнис-системи може да биде потресен период.На ваше барање, нашите консултанти можат да работат со вас со цел да се подобри планирањето и имплементирањето на понови софтверски решенија .Со тоа нудиме и голем број алатки за миграции и конвертирање на податочни бази што би овозможило процесите да работат без прекини.

Поддршка
За сите програмски пакети од нашата палета ви следува соодветна поддршка. Што значи дека треба само да направите еден телефонски повик и консултантот ќе биде со вас. Исто така вршиме обука за нашите програми во нашиот центар за обука , со што може да бидете сигурни  дека Вие и вашиот персонал ќе го извлечете максимумот од вашиот систем.

 

 

© 2008 Jongis computer center - OHRID. All Rights Reserved